Фолклорниот ансамбл „Отекс Фолк“ од Охрид успешно ја претставува македонската фолклорна традиција на турнеја во Кралството Белгија.
Во рамки на турнејата, ансамблот настапува на Меѓународниот фолклорен фестивал во Хогстратен, каде пред бројна меѓународна публика ги претставува богатството на македонските народни ора, песни и автентични носии.
Турнејата вклучува и посета на Брисел, каде членовите на ансамблот имаат можност да се запознаат со културното и историското наследство на белгиската престолнина.
Со секој настап, ФА „Отекс Фолк“ продолжува достојно да ја промовира македонската култура, традиција и национален идентитет пред европската публика.
OhridNews













