Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините во кои делува Центар за јавно здравје Охрид (Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа), а со цел избегнување на ширење на непроверени информации и шпекулации поврзани со епидемијата од коронавирусот, Центар за јавно здравје Охрид еднаш неделно, јавно ќе објавува билтен со податоци и информации за справувањето со вирусот КОВИД-19, на неделна основа, за кои сметаат дека ќе бидат од интерес на жителите на овие општини.

Од евидентирањето на првиот позитивен случај на КОВИД-19, Центар за јавно здравје Охрид е активно вклучен во активности насочени кон превенција, заштита на населението, спречување на ширењето на коронавирусот и справување со последиците од ширењето на КОВИД-19 на територијата на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Од почетокот на епеидемијата/пандемијата од коронавирусот во РСМ, (март 2020) до денес 24.04.2020, се бележат следните податоци:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на КОВИД-19 земени се од вкупно 705 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 271 лица, во општина Струга и Вевчани 164 лица и 270 лица, во општина Дебар и Центар Жупа

– Од вкупно земените материјали, 626 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 224, Струга и Вевчани 132, Дебар и Центар Жупа 270), а 79 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 47, Струга и Вевчани 32)

– Лабораториски е дијагностицирано присуство на КОВИД-19 кај 15 лица од општина Охрид и Дебрца, 55 лица од општина Струга и 50 лица од Дебар и Центар Жупа

– Пациенти позитивни на КОВИД-19 се хоспитализирани во соодветни здравствени установи и тоа од Охрид и Дебрца-1, од Струга-10, од Дебар и Центар Жупа-17

– На домашно лекување до денес се 13 пациенти од Охрид и Дебрца, 34 пациенти од Струга и 1 од Дебар и Центар Жупа

– Оздравени пациенти од Охрид е 1, од Струга се 5, а од Дебар и Центар Жупа се 44 пациенти

– До денес НЕМА починати пациенти од општина Охрид и Дебарца, од општина Струга се починати 12, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4.

– До денес под 14-дневен здравствен надзор биле ставени 144 лица од општина Охрид и Дебрца, 215 лица од Струга и Вевчани и 187 од Дебар и Центар Жупа

Почитувани сограѓани епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Потребна е претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Потребно е сериозно почитување на мерките и препораките од надлежните установи и правилна употреба на заштитна маска. Грижете се за своето и здравјето на другите. ОСТАНЕТЕ ДОМА!, порачуваат од Институтот за јавно здравје.