Охридскиот моден бренд „Румор“ и „KAPKA Jewelry“ на 8-ми јуни, четврток, отвараат привремена продавница во галеријата „Акантус“ во Скопје.
„РУМОР“ е концепт продавница со локација во Охрид која на македонската публика нуди колекции од етаблирани модни дизајнери кои работат за познатите модни куќи како „Balenciaga“, “Loewe“, “Martin Margiela“, по цени прилагодени на нашиот пазар.
Во оваа прилика следбениците на модата ќе можат да купат креации од светски познатиот дизајнер Ристо Бимбилоски кој во моментов работи за модната куќа „Maison Margiela“ под водство на Џон Галијано.
Исто така на продажниот настан ќе бидат застапени и модните брендови „SEV-Paris“ чии кошули ги носат ѕвезди како Artic Monkeys, Jay Z, Frank Ocean и други, како и рачно изработени марами на „WE ARE OWLS-NY“.

Посетителите, исто така, ќе можат да набават уникатно парче накит од „KAPKA Jewelry“ креиран од познатата дизајнерка Јана Ацевска.
Привремената продавница на Румор“ и „Капка“ во галеријата „Акантус“ во Скопје, ќе биде отворена до 18-ти јуни.
OhridNews

















