Во рамките на активностите што се реализираат од страна на Сојузот на извидници на Македонија, екипата од Извидничкиот езерски одред „Пионер“ од Охрид на првото коло од извидничката лига, 44-тиот меморијал Марко Граорковски „Брезица 2017″, го освои високото второ место и се закити со сребрен медал.

Колото ги имаше следниве карактеристики: тип на натпреварување ориентација, полигонски натпревари и игри. Учесниците се натпреваруваа и во врзување на јазли, извештај на дел од помината патека, цртеж на движење под азимут во природа – итинерер, морзе и/или семафор, извиднички тест, задачи на карта.

OhridNews