Општинската организиција на СДСМ во Охрид вечерва одржува состанок, на кој како што дознаваме, ќе стане збор за последните случувања во градскиот совет откако владеачкото мнозинство на последната седница го разреши од функцијата советник Томислав Тунтев кој беше и координатор на опозициската коалиција.

Како што неофицијално дознаваме на состанокот ќе се избира нов координатор и ќе се утврдува стратегија за продолжението на 23-та седница на советот од Општина Охрид, закажана за петок, на која според најавите на дневен ред ќе биде ставена и точка за верификација на мандат на советник кој треба го заземе местото на Тунтев.

Ohridnews