Крајот на учебната година охридските средношколци ќе го одбележат со рок концерт на 12-ти јуни, во дворот на Гимназијата Свети Климент Охридски.

Забавата со свирки во живо, ја организира клубот Blue Sky во соработка со средношколската организација.  На рок концертот, ќе настапат охридските бендови Infarkt, No Fun, Fade To Black, Night Thunder, “Незапирливата ебола”, а специјални гости ќе бидат 3Д од Кавадарци и “Титаниум” од Струга.


крај на школската година со рок концерт

На првата ваква завршна училишна забава што ќе се одржи во вторник од 20 часот во дворот на Охридската Гимназија, се очекува да дојдат неколку илјади средношколци од Охрид.