Охридските цариници спречиле обид за шверц на брендирана стока, кривична пријава заработи и фирма од Струга
06.03.15 17:00
Царинската управа во февруари поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид, против правно лице од Тетово и неговото одговорно лице, македонски државјанин од Тетово, за повреда на права од индустриска сопственост. Против нив Царинската управа претходно веќе има поднесено две кривични пријави заради постоење на основано сомнение дека го сториле истото кривично дело. Во овој случај, пријавените, преку царинската испостава Охрид со една царинска декларација пријавиле за увозно царинење разна стока со потекло од Турција. При извршениот преглед на стоката, царинските службеници откриле вкупно 90 пара спортски обувки со ознаки на заштитени трговски марки.
Царинската управа за истото дело поднела кривична пријава и против правно лице од Струга и неговото одговорно лице, македонски државјанин од Струга. Пријавените, преку царинската испостава Гевгелија, пријавиле за увозно царинење разна стока со потекло од Кина. При извршениот преглед на стоката, царинските службеници открија 1.190 фазомери со ознака на заштитена трговска марка.
Цените на горивата бележат значителен пад Бензините од вечер на полноќ ќе се продаваат поевтино за 3,5, односно 4 денари, а цената на дизелот ќе биде пониска за 7 денари Малопродажната цена на бенз...
Под мотото едно езеро – безброј приказни викендов во Струга, во соработка со Europe House Struga и Хотел Дрим, Општина Охрид и Општина Поградец беше одбележан денот на Езерото Посетителите имаа мож...
Значително поевтинување на горивата од понеделник најави премиерот Христијан Мицкоски Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот Очекувам во понеделник врз основа на тие...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.