Со положување венец пред дрвениот споменик на Св. Наум во истоимениот манастир, членови на здружението на туристички водичи „Кеј“ од Охрид и туристички работници, му оддадоа почит на неодамна починатиот Борис Џепароски, уметник и виртуоз со рачен алат, со кој изработуваше вредни уметнички дела. Едно од нив е и споменикот од ореово дрво во Св. Наум, еден од симболите на охридскиот туризам.
Нас туристичките водичи Борис не има задолжено многу. Неговиот споменик од дрво на Св. Наум Охридски е првото нешто што туристите го гледаат при присигнувањето во манастирот. Кога им кажуваме дека овој споменик е изработен за 12-14 часа само со употреба на моторна пила, тие се фасцинирани. Оваа приказна заедно со илјадниците фотографии направени тука патуваат насекаде во светот. Сметавме дека заслужува да му се оддаде почит на Борис Џепароски за неговото дело, кое несомнено претставува еден од симболите на охридскиот туризам. – истакнаа туристичките водичи Климент Наумов и Џингис Патељ.

Освен по споменикот од дрво на Св. Наум Охридски изработен во 2006 година, Борис Џепароски јавноста кај нас ќе го памети и по гитарата од камен која стои покрај вечното почивалиште на Тоше Проевски.
Г.М.














