Годинава се планира порибување на Охридското Езеро со околу 1,6 милиони единки охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе од минатата година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По шестгодишниот прекин за време на претходната власт, со кој сериозно беше доведен во прашање континуитетот на овој важен процес, Владата минатата година повторно го воспостави процесот на вештачко размножување и порибување на Охридското Езеро со пастрмка. Оваа година продолжуваме со уште поголем капацитет. Охридската пастрмка е едно од најголемите богатства на нашето езеро и нејзината заштита е наша заедничка одговорност, вели Хоџа.
На претставниците на институциите, како што информираат од Министерството, од страна на Душица Илиќ Боева од Хидробиолошкиот завод им биле презентирани сите фази од процесот, од икрата и инкубацијата, до одгледувањето и подготовката на подмладокот за порибување на Охридското Езеро.

OhridNews











