СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од село Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
На 12-ти март, годинава, околу 05.00 часот, помеѓу улиците „Цар Самоил“ и „Боро Шаин“, 45-годишен охриѓанец бил пресретнат и нападнат со боксови од страна на пријавениот.Нападнатиот паднал и се здобил со скршеница на левата рака, а пријавениот му побарал 2000 денари. Охриѓанецот му ги дал парите, а по четири дена пријавениот телефонски повторно му побарал 4000 денари.
На 24-ти март, околу 21.00 часот пријавениот, со уште едно непознато лице, отишле во неговиот дом и на неговиот татко му кажале дека охриѓанецот треба да му врати 4.000 денари, упатувајќи закани по неговиот живот.
OhridNews












