Екипата на ГастроМак – Македонија, составена од најдобрите готвачи и угостителски работници од земјава, го освои златниот медал на 12-тиот Интернационален натпревар во подготвока на јадења од риба, што се одржа во Ниш, Република Србија на 2-ри и 3-ти јуни.

Дел од златниот тим беше Влатко Георгиевски, шеф на кујна во х. Бетон во Охрид, кој освои најмногу бодови и беше севкупен победник во две категории, односно во подготвување и сервирање на специјалитет од риба.

Воедно националниот тим на ГастроМак во кој беше и охриѓанецот Георгиевски беше апсолутен победник на натпреварот и ја освои Гран при наградата.

Златниот тим на ГастроМак – Македонија

Анастасија Чутрова-Златен медал (Јадење од риба-Сениори)
Влатко Ѓорѓиески -Златен медал (Јадење од риба-Сениори)
Влатко Ѓорѓиески-Златен медал (Филитирање риба-Сениори)
Влатко Ѓорѓиески -Златен медал (Рибја чорба и рибји паприкаш-Сениори)
Велимир Илиевски-Златен Медал (Јадење од риба-Сениори)
Велимир Илиевски-Сребрен медал (Филитирање риба-Сениори)
Велимир Илиевски-Златен медал (Рибји паприкаш и рибна чорба-Сениори)
Лирим Даути-Златен медал (Јадење од риба-Сениори)
Лирим Даути -Златен медал (Рибја чорба и рибји паприкаш-Сениори)
Цветанче Тодоровски-Златен медал (Јадење од риба-Сениори)
Драган Лазоски-Златен Медал (Јадење од риба-Сениори)
Влатко Ѓорѓиески-Севкупен победник во фолегирање риба-Сениори
Влатко Ѓорѓиески-Севкупен победник во спрeмањe јадења од риба -Сениори
Гранд При-Севкупен победник во Сениори-ГастроМак

OhridNews