СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при караница или тепачка”.

На 15-ти март, на градскиот пазар во Охрид пријавениот започнал жестока вербална расправија со лице од село Лескоец, при што му упатил и сериозни закани. Во еден момент, пријавениот извадил нож и замавнал кон лицето од Лескоец, но и кон уште едно лице од истото село, информираат од МВР.

После тоа, од страна на граѓани, ножот му бил одземен и предаден на полициски службеници.

OhridNews