
Пријавениот во март годинава набавил наркотична дрога марихуна и по претходен договор и негови инструкции со веќе кривично пријавен 54-годишен жител на Струмица за одреден паричен надомест отишол во Скопје, се сретнал со 45-годишен скопјанец, и ја преземал дрогата со цел да ја преподаде. На враќање кон Струмица со меѓуградски автобус, тој бил легитимиран и претресен од страна на полициски службеници. Притоа, била откриена најлонска ќеса во којашто имало осум пакувања со марихуана во вкупна тежина од еден килограм и седумстотини грама.
На пријавениот охриѓанец, кој е член на организирана криминална група и во моментов е недостапен на органите на прогон, од страна на Судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
OhridNews











