Со указ на претседателот Ѓорге Иванов на позицијата нов аѓутант во кабинетот на Врховниот командант е назначен полковник Мирче Ѓоргоски, кој до сега ја извршуваше функцијата портпарол на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Полковникот Ѓоргоски, кој инаку по потекло е од Охрид, на местото аѓутант ќе го наследи бригадниот генерал Агим Нуредини, кој пак е назначен за началник на штабот на Здружената оперативна команда на АРМ.

Портпаролското место на ГШ на АРМ од Ѓоргоски ќе го преземе потполковник Тони Јаневски, досегашен офицер за односи со јавност во Здружената оперативна команда на армијата.

OhridNews