Охриѓани се фокусираат на мајскиот митинг, на кој очекуваат кралицата на спортовите да загосподари со Охрид, со што би се отвориле можностите за уште една промоција на македонскиот бисер.


– Контактиравме со Харалд Едлетзбергер, менаџерот на хрватската скокачка во височина Бланка Влашиќ, која е светски првак во оваа дисциплина, за нејзино учество на митингот. Покрај Влашиќ имаме и резервна варијанта, но во моментов не сакаме да размислуваме за неа – вели Иван Цветкоски од АК Охрид.


Атлетскиот митинг Охрид 2010 оваа година ќе го има своето дебитантско издание. Oд оргазнициониот одбор велат дека целта е овај настан да прерасне во традиција, со кој Охрид ќе ја отвора летната сезона.

М.П.