Петок 13- ти според многумина се смета за малерозен ден. Сепак на охриѓани не им посмета овој датум да го искористат и овој петок и да го пополнат својот “добитен“ тикет во една од спортските обложувалници.


На прашањето дали денешниот ден го сметат за малерозен, охриѓани ни одговорија.

– Не обрнав внимание на датумот,но мислам дека ги одбрав вистинските двојки – ни рече Влатко кого го затекнавме на едно уплатно место.

– Не сум суеверен – кратко ни рече Дејан.

– Да ми кажевте порано , ќе го пресконев денешниот сега е касно – рече Горан кој ги проверуваше уплатените талони.  

Од спортските обложувалници велат дека денешниот ден не донесол некоја драстична промена во уплатата на викенд паровите.

М.Постоловски