
– Пријавените, казненото дело го извршиле на 27- ми овој месец околу 15 часот и 30 минути на паркинг просторот на улицата „Македонски просветители“ во централното градско подрачје. Револтиран што му била побарана наплата од 30 денари за користење на паркинг простор, едниот од пријавените започнал вербална расправија со вработениот инкасатор во Ј.П. „Билјанини извори“ по што користејќи го моментот кога другиот пријавен го фатил инкасаторот за врат, отишол до своето паркирано патничко моторно возило марка „Опел Тигра“, извадил дрвена палка и замавнал, удирајќи го инкасаторот во пределот на бубрезите и нозете. Потоа, сега притворениот со своето возило веднаш избегал од местото на настанот додека другото лице пеш се упатило по кеј „Маршал Тито“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пријавените се лица познати на службата. Против нив, СВР Охрид по повеќе основи има поднесено кривични пријави.
OhridNews











