На меѓународниот натпревар „Анемос“ што изминатиот викенд се одржа во Рим, Италија, учениците од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид, Огнен Секуловски и Мила Коруновска во дисциплина камерна музика во конкуренција со учесници од повеќе земји ја освоија првата награда.
Ученичката Лина Николеска се натпреваруваше во категоријата за најмлади учесници-преткатегорија, дисциплина виолина, и во конкуренција со учесници од повеќе земји беше највисоко рангирана и освои пофалница.
Исто така учениците настапија и на концертот на пијанистката Емилија Маринова, што се одржа во Рим во рамки на фестивалот „Охрид те сакам“. На концертот кој имаше хуманитарен карактер присуствуваше и амбасадорот на Р.Македонија Оливер Шамбевски. Собраните средства во соработка со лајонс клубот „Лихнидос“, кој редовно ги поддржува активностите на училиштето, ќе бидат наменети за поддршка на талентирани млади музичари од градот.
ОМУ „Методи Патче“ изразува благодарност до сите помагатели кои овозможија да се реализира настапот на учениците на меѓународниот натпревар во Рим.
OhridNews

















