Во Полициската станица во Струга, вчера во 16.35 часот било пријавено дека настанал пожар во помошна просторија од ОУ„Аки Дика“ во село Ливада.

Од противпожарната единица од Струга пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Струга. Констатирано е дека биле опожарени дрва за огрев, столарија и други предмети.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews