Од Општина Дебарца преку соопштение до медиумите упатија демант на реакцијата на Општинската организација на СДСМ, која ја обвини локалната власт дека не ги уредува редовно јавните површини во населените места на општината.

-Врз основа на прикажаната „Загрижувачка состојба“ за јавните површини од страна на СДСМ и приложените фотографии, сигурно и самиот фотограф е свесен дека фотографирал приватни ниви, кои ЈКП „Дебрца“ не може и нема овластување да ги одржува, туку единствено само има обврска да ги уредува јавните површини, пишува во соопштението од Општина Дебарца.

Во него се нагласува дека косењето на јавните површини се одвива по предвидена динамика во околу 30-тина села од општината.

OhridNews