Студеното време проследено со ниски температури под нулата предизвика големи штети на овошките и лозјата и во општина Дебрца. На терен денеска излезе општинската комисија за штети од елементарни непогоди, која упати јавен повик до земјоделците од Општина Дебрца на кои ниските температури им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, истата да ја пријават во просториите на Општина Дебрца.

Пријавувањето на штетите може да се изврши од 08:30 до 16:30 часот, во најбрз можен рок, во архивата на Општина Дебрца.Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост (имотен лист), инфоемираат од општината.

OhridNews