Знаеме дека секој нов проект кој го реализира локалната самоуправа особено капитален и допадлив за граѓаните на Охрид е ноќна мора за СДСМ- Охрид. Ги очекувавме после вчерашното отпочнување со градежни активности на градскиот пазар да се јават со неартикулирано и манипулативно соопштение, она што беше непознато беше само темата која по којзнае кој пат ја промашија, стои во реакцијата на општина Охрид по изнесените обвинувања од општинската СДСМ околу сечењето на дрворедот на булевар „Туристичка“. 

– Знаеме дека ги боли уредувањето на тротоарите на „Туристичка“, а уште повеќе ги боли уредувањето на дрворедот. За разлика од нив, ние не дезинформираме: поголемиот дел од стариот дрворед беше дотраен, со неуредни крошни и претставуваше опасност по минувачите и велосипедистите, од друга страна корените од најголемиот дел од дрвата високо го подигаа и оштетуваа бетонот, заради што беше оневозможено нормалното движење. Освен тоа корењата на дел од дрвјата навлегуваа во канализационите системи и ги оштетуваа, а на места и ги запушуваа, велат од локалната самоуправа.

Оттаму, најавуваат дека од денес јавното претпријатие „Охридски комуналец“, согласно планот започнува со садење на нови садници јасен и јавор, кои ќе го красат новиот лик на „Туристичка“.

OhridNews