Општина Охрид во допис испратен до медиумите, ги отфрла обвинувања кои во јавноста ги изнесоа угостители по повод акцијата за подигање на непрописно поставена урбана опрема и наплатата на комуналната такса.

„Заради обидот за манупилација со јавноста, иако граѓаните добро знаат, уште еднаш ќе потсетиме на законот кој јасно кажува дека комунална такса треба да плати секој кој поставува урбана опрема пред угостителски објекти без разлика дали е тоа приватна сопственост или е сопственост на Р. Македонија. Локалната самоуправа со цел да им излезе во пресрет на угостителите го намали закупот на комуналната такса кој претходно изнесуваше 10 денари на ден, а сега изнесува 7,5 денари дневно по  м2, исто така намалена е висината на цената за закуп за поставување урбана опрема во сите зони линеарно за 50 денари. Па така, ако досега за прва зона се плаќаше 300 денари месечно по квадратен метар цената годинава е пониска и изнесува  250 денари.“ – велат од општина Охрид.

Оттаму потенцираат дека локалната самоуправа одржала низа состаноци со угостителите на кои во детали било разговарано за прашањата од оваа област, а со цел да се создадат подобри релации меѓу угостителите и надлжените служби.

„По средбите,  во  изјавите дадени за медиумите угостителите изразија задоволство од одлуките,но и од спроведувањето на законот што е дирекно во нивна корист. Денес за жал некои од нив се обидуваат да се надмудруваат со локалната самоуправа, да ги избегнуваат законските обврски во финанска смисла и преку ставовите кои анонимно ги пласираат во медиумите продолжуваат да дејствуваат во насока на избегнување на обврските кон градот, а што е на директна штета на општинскиот буџет, на граѓаните како и на угостителите кои чесно и одговорно работат и си ги исполнуваат обврските.“  – реагираат од општина Охрид.

Во реакцијата се наведува дека поединци се обиделе преку барања за измени на веќе поднесените елаборати во односн на површината на која се однесуваат, да ги внесат службите во општината во лавиринт.

Ваквите игри кои поединци упорно ги прават на надлежните служби им се јасни и предвидливи и како и досега, така и натаму целосно ќе бидат осуетени. Локалната самоуправа и на овие барања им излезе во пресрет. По вчерашната  акцијата за подигање на нелегално поставената урбана опрема, кога на сите им стана јасно дека дејствијата на службите се непоколебливи, дека кај службите  не успеваат разните влијанија и притисоци и дека нема толеранција за никој и сите имаат ист и подеднаков треман, поединци се обидоа да ја манипулираат охридската јавност давајќи изјави без да се идентификуваат кој се, а се со цел преку вршење медиумски притисок да им се овозможи да работат како и досега.“ – стои во реакцијата.

Од општина Охрид велат дека локалната самоуправа и понатаму транспарентно ќе го спроведува законот во оваа сфера и во останатите кои се подингеренции на градската власт.

OhridNews