Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија денеска доделија 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства од подрачјето на општината. Оваа активност е дел од одбележувањето на богојавленските празници.

Хуманитарните пакети ќе бидат доставени до семејствата од страна на екипите на Црвен крст и мобилните тимови на Општина Охрид.

Нашата заедничка грижа нека биде поттик за останатите институции, компании и граѓани за повисока општествена одговорност и обезбедување социјална поддршка онаму каде што е најпотребна. – напиша на социјалните медиуми градоначалникот Георгиески.

Покрај хуманите активности, со дел од средствата кои беа предвидени за богојавленската прослава, оваа година Општина Охрид го поддржа креирањето на веб страницата www.bogojavlenie-ohrid.mk, каде се поместени низа содржини за празникот Богојавление-Водици во Охрид.

OhridNews