Денес истекува рокот за пријавување на Јавниот оглас за вработување од Програмата „Општинско корисна работа“, што го имаше објавено општина Охрид.

Оваа програма која се спроведува со поддршка на УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, на долгорочно невработени лица им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање. Преку овој оглас општина Охрид планира да ангажира пет лица на различни работни позиции.

Предност за вработување преку оваа програма ќе имаат кандидатите кои исполнуваат некој од следните критериуми, односно доколку се: лица кои подолго време немаат работа и потешко се вклучуваат во пазарот на трудот; самохрани родители или еднородителски семејства; невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен и лица од многудетни семејства.

Според неофицијални информации преку овој оглас повторно временски ќе биде решен работниот статус на петте ангажирани лица во Дневниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Зраци“. Овие лица пред околу 6 месеци беа работно ангажирани од Општина Охрид, преку истата програма за општествено корисна работа.

OhridNews