Пожарот на дивата депонија во Мауцкер е локализиран и под контрола, а СДСМ се обидува со извртување на факти да ја дезинформира и заплаши јавноста, реагира локалната самоуправа во врска со случувањата околу депонијата каде социјалдемкратите во денешното соопштение за јавност посочија дека се уште ја нема најавената развојна зона.

„Дефинитвно денешното соопштение на СДСМ Охрид може да се смести во рубриката “верувале или не” или да се протолкува  флоскулно. Замислете почитувани граѓани истите оние кои под превезот на “Чист Охрид” ја создадоа депонијата Мауцкер и долги години истата ја натрупуваа со ѓубре при тоа безмилосно креирајќи депонија во непосредна близина на централното градско подрачје и езерото, денес “се грижат” за здравјето на граѓаните на Охрид.

Наместо јавно извинување од нив добиваме нов обид за “чистење на совеста”, неуспешно обидувајќи се она што тие го создале на штета на граѓаните на Охрид да му го препишат на некој друг. Во интерес на јавноста и со цел  информирање на граѓаните, надлежните институции,  иако СДСМ  и тука се обидува да ги заплаши граѓаните, континуирано се на терен уште од самиот момент на појава на овој пожар и  ги преземаат сите потребни мерки што резултира со веќе локализиран пожар и контролирана ситуација.

Охриѓани најдобро знаат како СДСМ владееше со Охрид и најдобро е такво владеење никогаш да не му се повтори на градот од било која политичка гарнитура.“ – велат од локалната самоуправа.

OhridNews