Од Локалната самоуправа со реакција во врска со денес изнесените обвинувања од страна на претседателот на Унијата на жени на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Славица Јанковска,  дека  од страна на СДСМ  и раководителот и кандидат за пратеник, Митре Велјаноски се вршат малтретирања и притисоци врз администрацијата и службениците во охридската локална самоуправа со цел да ги одведат на митинг.

– Локалната самоуправа најенергично ги отфрла неоснованите обвинувања од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и информира дека кандидатот за пратеник на СДСМ, Митре Велјаноски, кој раководи со секторот за јавни дејности веќе една недела е на одмор.Тоа значи дека немал можност никого да малтретира и уценува, ниту тоа го правеле другите раководители во локалната администрација, стои во реакцијата од Локалната самоуправа.

Од таму додаваат дека малтретирањето и притисоците  врз сопственото членство ги прави  ВМРО- ДПМНЕ , а не раководителите во локалната самоуправа. – Најверојатно , претседателката на Унијата на жени на  ВМРО- ДПМНЕ Славица Јанкоска, со обвинувањата упатени до локалната самоуправа за малтретирање на вработените во администрацијата, се обидува да го амортизира скандалот со заканите  дека  доколку нивните членови не врбуваат по 15 или 30 блиски и пријатели, ВМРО-ДПМНЕ  ќе ги избрка од работа.За жал никој нема да и поверува , а сигурно и самата не верува во она што го зборува, се наведува меѓу другото во реакцијата.

OhridNews