На полноќ истече мандатот на градоначалниците, кои од денеска ќе одат на работа, но ќе немаат право на потпис, затоа што нивниот статус правно не е дефиниран.

„Работата на локалните самоуправи сега е под знак прашалник. Затоа ние повикуваме прашањето за локалните избори да биде приоритетно. Не мора да се чека избор на Нова Влада за да се распишат изборите и донесат Законите“. вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

Парламентарните партии се договорија локалните избори да се одржат на 15-ти октомври, до кога треба да биде продолжен мандатот на градоначалниците и советите, за што се потребни измени во изборниот законик. Според екепсертите пратениците треба да донесат одлука измените да можат да важат ретроактивно, бидејќи во спротивно нема да може да се надмине законски постојниот вакум.

OhridNews