Предлог Буџетот на единицата на локална самоуправа Охрид за 2008 година,  ќе се најде на дневен ред на 48-та седница на Советот на Општина Охрид што ќе се одржи дсенеска . Според првишната проекција, општинскиот буџет е повисок од ланскиот и надминува 460 милиони денари.

Покрај за буџетот советниците ќе расправаат уште по 21 точка. Пред Советот ќе се најдат: Предлог Одлуката за усвојување на Програмата за работа на ЈП “Охридски Комуналец“ Охрид за 2008 година, Предлог Одлука за усвојување на Програмата за изработка на урбанистички планови за 2008 год,  Предлог Одлука за усвојување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2008 год, Предлог Одлука за усвојување на Програмата за уредување на градежно земјиште   за 2008 год.,.Предлог Одлука за усвојување на Програмата за  изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2008 год. и други.

ohridnews