Вчера околу 18,15 часот во село Шум-Струга, во дворот од сопствената куќа, од залутан куршум во пределот на ногата бил повреден Д. К. (48). Тој бил пренесен во Медицинскиот центар -Струга, каде е извршена хируршка интервенција, по што е пуштен на домашно лекување.

Увид извршила екипа на Полициската станица -Струга.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

На 30.12.2017 година околу 00,40 часот во угостителски објект во Струга, при меѓусебна расправија 33-годишен стружанец со нож им нанел повреди на две лица на возраст од 17 и 23 години во пределот на раката и во пределот на стомакот. Двајцата се пренесени во Медицински Центар-Струга, едниот по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување додека врз другиот била извршена хируршка интервенција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

OhridNews