
Османи ги обвини владејачките партии дека од најавената програма за капитапни инвестиции вредна 1,5 милијарди евра, не релаизирале ниту еден процент, а долгот на државата го зголемиле од 2,3 на 4, 6 милијарди евра со што земјата ја довеле пред банкрот.
– Не смееме да им дозволиме нов мандат на оние кои зедоа 2,3 милијарди евра од народот и создадоа сиромаштија која младите ги тера својата перспектива да ја бараат надвор од земјата, не смееме да им дадеме нов мандат на луѓето кои дозволија само за еден проект да се потрошат 200 милиони евра за да создадат некоја наводна античка истортија, кои од оваа земја создаваат гето, не смееме да дозволиме уште еден мандат на оваа Влада која секоја година губи по 1 милијарда евра, пари кои што не може да ги добие преку меѓународни проекти, влада која што не успеа да ги одбрани нашите пари и да им ги врати на граѓаните преку вложувања во инфраструктура и развој. – рече Османи.

Лидерот на НДП, кој најави победа на претстојните избори, ги обвини ДУИ и ДПА дека не ги штитат албанските интереси, повикувајќи ги на национално обединување и формирање Влада со премиер Албанец. Тој смета дека Охридскиот рамковен договор не го решава статусот на Албанците во државата и дека идната коалиција со партнер од македонскиот политички блок ќе се прави исклучиво на рамноправна основа.
– Охридскиот рамковен договор, чија содржина не беше јасна и тогаш кога беше потпишан, не обезбедува ниту инструменти ниту средства и гаранции за да произведе доволен ефект, а Струга е пример што не им дава право на луѓето кои тврдат дека наводно овој договор е последна завршна понуда, кој што го решава статусот на Албанците во Македонија. Токму Струга е потврда дека Албанците и натаму се маргинализирани, за што доволно е да се анализира колку оваа Влада во заминување инвестираше во Струга, а колку во Охрид. – истакна Османи.











