Во рамки на фестивалот „Охрид те сакам“ синоќа во големата сала на општината, се одржа осмиот по ред концерт на кој настапи домашниот пијанист Филип Пејоски.


Фестивалот „Охрид те сакам“ во чии рамки настапија и повеќе интернационални уметници  започна на 1 мај годинава. Целта на одржувањето фестивалот кој е поддржан од локалната самоуправа е да ја афирмира класичната музика меѓу младата популација, за што меѓународната музичка академија од Лихтенштајн на општина Охрид и подари професионален концертен клавир, марка „Seiler” вреден 30.000 евра.

Ohridnews