Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, викендовуспешно ја реализира општинската сообраќајно воспитна манифестација „Детски семафор 2017“. Севкупен победник е екипата од основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид која ќе биде учесник на Регионалното натпреварување „Детски семафор“ што овој месец ќе се одржи во Кичево.

Најдобри резултати во женска и машка конкуренција постигнаа Снеже Змејкоска од основното училиште „ Св.Климент Охридски“ и Владимир Јованоски од основното училиште „Кочо Рацин“. Тие се добитници на наградата велосипед. За освоено второ и трето место, награда велосипедска кацига, добија Анастасија Вељјаноска од основното училиште „Христо Узунов“ и Кристина Србиноска од основното училиште „Св.Климент Охридски“ како и Никола Каланоски   од основното училиште „Христо Узунов“ и Мартин Димитриески од основното училиште „Кочо Рацин“.

Во рамките на манифестацијата „Детскиот семафор“, учениците од основните училишта од општинава, имаа теоретски дел односно електронско полагање сообраќајни тестови и практичен дел- вешто возење на велосипед. На сообраќајните тестови, учениците покажаа високо познавање на сообраќајните правила и прописи и одлични резултати во познавањето на сообраќајните знаци и при вештото управување со велосипед, инфоемираат од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид, кој ја организираше манифестацијата за која наградите ги обезбеди локалната самоуправа.

Целта на општинската сообраќајно-воспитна манифестација “Детски семафор” е  едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, јакнење на нивната свест за одговорно учество во сообраќајот, целосно запознавање со сообраќајните правила и прописи и нивно почитување, што воедно ќе значи и подобрување на личната и на безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.