Денеска во ОУ Св.“Климент Охридски“ во рамки на подготовките за професионална ориентација на учениците се одржа дебата на која учествуваа основците од 8- мо одделение,кои оваа учебна година го завршуваат основното образование.
Учениците аргументирано дискутираа за факторите кои влијаат врз изборот на нивната идна професија.На дебатата тие ја докажаа и покажаа својата решителност , зрелост критичкото размислување и вербалнате способности.
Дебатата се водеше во присуство на директорот,наставниците и стручните соработници на училиштето.
OhridNews














