Учениците  од VI одделение од ОУ„Св.Климент Охридски“, во рамки на програмата за изучување на предметот природни науки, денес извршија посета на АД „ЖИТО- ЛЕБ“ .

Заедно со наставничката  Нине Симоновска, учениците имаа можност да го видат процесот на производство на леб и бели печива. Посетија повеќе погони за производство и пакување на леб, апетисани , лиснати теста, кори и ролати,а имаа можност и да видат како се прави познатиот охридски варен ѓеврек. 

Одговорниот технолог во АД „Жито Леб“ на учениците детално им го објасна и демонстрира самиот процес на производство, притоа одговарајќи на  прашањата од љубопитните ученици.

На крајот од посетата учениците вкусија дел од пецивата и си заминаа задоволни, понесувајќи со себе нови искуства и дополнителни знаења.

OhridNews