Согласно програмата и успешната соработка со родителите, учениците од ОУ „Св Климент Охридски“, заедно со своите учителки од второ одделение, го посетија охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“.

Учениците имаа можност да го проследат слетување и полетување на авион, а од страна на вработените беа запознаени за работењето на аеродромот.

Основците се запознаа и со пилотот на авионот кој им раскажуваше за неговите обврски и активности при управувањето со авионот.

OhridNews