Традиција стара повеќе од два века ја применуваат и денес православните верници во Oхридско-струшкиот регион. Верниците од христијанска вероисповест на Велики Четврток носат вапсани јајца и облека во храмовите, таму преноќуваат, односно остануваат на сите литургии до Велика Сабота, кога повторно си ги зеамат дома. Се верува дека помагаат за здравје, спасение и исцелување. Според верувањето овие предмети се осветени и лушпите од јајцата ги фрлаат во езерските или речните води или пак ги закопуваат во чиста почва.

Отец Димче, свештеник во црквата „Свети Ѓорѓиja“ во Охрид вели дека ваквиот обичај се темели на верувањето дека се што ќе допреме до крстот, каде што бил распнат Исус Христос е осветено. Оттаму излегува посебна енергија.

Постои верување дека се што ќе се допреме до Христа или се наше што ќе се допре до Христа веруваме дека е осветено, има моќ. И дарот што го оставаме под крстот Христов или во олтарот, но и се што ќе се допре до иконостасот, иконата во олтарот веруваме дека се е осветено и преку тоа Христово осветување ги лечиме нашите болести, слабости и немоќи, истакнува отец Димче.

Затоа, вели тој, под крстот оставаме облека и потоа ја носиме.

Веруваме дека излегла сила од Христос, и се исцелуваме од страстите и болестите. Тоа му било добро познато на народот, затоа носи вапсани јајца и облека ја остава тука да стои за да се отслужи службата и да ја земе следниот ден, додава свештеникот. Се носат вечерта на Велики Четврток, бидејќи тогаш се изнесува крстот, тогаш крвта Христова прокапува на камењата, каде што е издигнат крстот.

Носењето на јајцата во црквата датира од почетокот на христијанската црква и до денес се пренесува. Охрид е град со црковна традиција, која датира од Византискиот период. Повеќе од 2000 години не прекинува култот од поклонение на Свети Наум, Свети Климент, славење на Велики Четврток, Велики Петок, Велика Сабота, Воскресението Христово…., истакна отец Димче.

Спакувани во различни корпи, украсни ќеси, секоја со свој детаљ на препознатливост ја воздигнуваат и онака величенствената атмосфера во црквите.

OhridNews