Единаесет припадници на МВР добиле отказ поради „крвавиот четврток“ и насилството во Собранието на 27 април, кога беа повредени неколкумина пратеници и новинари. Според информации од МВР, завршена е дисциплинската постапка за 11 полицајци, по што им се врачени отказни решенија. Во тек се и други постапки за собраниското насилство,  за што дополнително треба да бидат донесени дисциплински мерки.

По крвавиот четврток, настаните ги расветлуваше и јавното обвинителтсво и во меѓувреме беше покренато обвинение за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, а на четири години затвор беше осуден напаѓачот на пратеничката Радмила Шекеринска.

OhridNews
Макфакс