Докторите од болницата „Рубер“ во Мадрид, каде почина Радомир Антиќ ги открија причините за смртта на познатиот фудбалски тренер од Србија.

Тие отфрлија зараза од коронавирусот кој одзеде многу животи во Шпанија и целиот свет. Антиќ починал од панкреатитис. Во историјата на Антиќ пишувало дека тој долго време имал проблем со панкреасот и црниот дроб.

Од српската фудбалска легенда се простија неговите поранешни клубови Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Барселона, Партизан и секаде каде играше и работеше како тренер.

OhridNews

Згасна животот на српската фудбалска легенда Радомир Антиќ

Србија и Шпанија обвиени во тага се простуваат од фудбалскиот господин