Согласно одлуката од 17-тата седница, Владата на Република Македонија соопшти дека е завршена постапката за решавање на проблемот со депонијата во Струга.

 

-Отпадот од општина Струга во натамошниот период ќе се транспортира во депонија што ќе ја договори општинското комунално претпријатие, а сегашната дива депонија ќе започне да се затрупува и ќе биде спроведено нејзино култивирање соодветно на неопходните еколошки стандарди. – информира владата.

На 16-ти август дивата депонија во Струга деновиве повторно се самозапали што беше причина за остри рекации на граѓанските активисти кои ден подоцна на владата и доставија барање со конкретен рок за решавање на проблемот со дивата депонија, која секојдневно го загадува градот.

– Во име на граѓаните на Струга бараме:

1. Во рок од 10 дена Струшката депонија да се затвори за нов отпад, односно да се отпочне со транспорт на отпадот од Струга на друга депонија како што беше ветено од Владата и од вас лично.

2. Да се заштити депонијата од нови пожари до нејзина целосна дислокација.

3. Да се изнајде долгорочно и издржано реение за управување со отпадот од Струга.

4. Да се ревитализира почвата на која е лоцирана депонијата. – истакна тогаш Ардијан Демири од граѓанската иницијатива Стружани за Струга

Стружани очекуваат надлежните институции без одлагање да преземат конкретни мерки и сериозно да се зафатат со решавање на проблемот со дивата депонија која со прекини гори уште од месец април.

OhridNews