Вчеравечер, во Охрид, беше отворено 16-то издание на Интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери”.

За годинашниот натпревар пријавени се 120 кандидати од повеќе држави (Русија, Кина, Германија, Полска, Романија, Бугарија, Литванија, Хрватска, Србија, Словенија и др. кои учествуваат во дисциплините: Флејта, Кларинет, Саксофон, Труба, Хорна, Тромбон.

Натпреварот го следи Интернационално жири од познати и признати музички педагози од: Русија, Германија, Бугарија, Австрија, Македонија и Србија.

На отворањето настапи Камерниот оркестар  „Солисти на ФМУ”.

 

OhridNews