Под мотото „Национален парк Галичица и пријателите поблиску до вас“, Јавната Установа Национален парк Галичица, денес организира Отворен ден.

Сакаме да дадеме скромен придонес за промоција на сите туристички вршители на дејност кои своите активности ги спроведуваат на територијата на паркот, промоција и вкусување на традиционални производи подготвени од локалното население, запознавање со природните и културните вредности на НП Галичица, запознавање со правилата на однесување во НП Галичица, дозволените и забранетите активности во различните зони, како и интеракција со заинтересираните страни, разговори, дискусија и прибирање на идеи и предлози кои се значајни за долгорочен развој и зачувување на вредностите. – велат од паркот.

Настанот почнува во 10 часот и ќе трае до 18 часот во инфо центарот на Галичица.

Предвидени се штандови на кои сите заинтересирани страни и вршители на дејност ќе можат да изложат свој промотивен материјал, да споделуваат информации со посетителите и да вршат промоција на своите активности. Исто така, свој штанд ќе има и установата, информира ЈУНП Галичица.

OhridNews