Денеска ќе се одржи отворен ден во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид. Деветтодделенците, како што информираат од училиштето, ќе имаат можност да се запознаат со образовните профили, практичната настава, условите за запишување, креативноста и талентот на сегашните ученици, како и воннаставните активности.

Ќе може да се дегустираат специјалитети подготвени од учениците, да се информираат заинтересираните за образовните профили и можностите за идна кариера, да се почувствува атмосферата на училиштето и духот на угостителството, посочуваат од училиштето.

Отворениот ден ќе се одржи во училишниот двор со почеток во 11:00 часот.

OhridNews