Со донација на Австралиската амбасада во Белград преку ДАП програмата, основното училиште „Дебрца“ доби јазично катче со литература на англиски јазик и помагала кои ќе го збогатат и олеснат процесот на учење на овој странски јазик. Целосното осмислување и целосната реализација на проектот е резултат на заложбите на наставничката по англиски јазик, Наташа Мироска Ламбески, во координација со наставничката Љупка Јакимоска.
Донацијата беше поддржана од градоначалникот на Дебрца, Игор Трајкоски, а помогната од страна на македонскиот конзул во Австралија, Зоран Ќосески и амбасадорката Џулија Фини.
По повод целосната реализација на проектот претставници од австралиската амбасада од Белград остварија посета на училиштето при што имаа можност да видат како се реализираат часовите во јазичното катче.
OhridNews












