Во  ОУ „Христо Узунов“, викендов, со пригодна програма и учество на хорот се одржа Државниот натпревар по Физика на кој учествуваа 320 ученици и околу 90 ментори – наставници.

Директорот Тони Симоновски истакна задоволство од довербата на ДФРМ за организирање на еден ваков настан со голем број на натпреварувачи и им посака успеси на учесниците. Натпреварот за отворен го прогласи заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев со пригодно обраќање.

Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и оваа година продолжува со активностите за популаризација на науката, физиката и другите природни науки преку стекнување и унапредување на знаењата, способностите и вештините кај учениците, наставниците и граѓаните и унапредување и заштита на животната средина. Се организира 41 републилички натпревар по физика за учениците од основните училишта во Република Македонија (осмо и деветто одделение).

OhridNews