ОУ „Св. Климент Охридски“ од неодамна стана дел од проектот „Од отпад до кеш: Одржив развој и економско зајакнување на неформалните собирачи на отпад преку рециклирање на отпадот во прекуграничниот регион со Албанија“.

Во таа насока, денеска училиштето беше домаќин  на претставниците од Република Албанија, кои се учесници во овој проект.

На гостите, им беа презентирани многубројните активности во рамките на еколошката едукација на учениците, а посебно беа истакнати проектите за селекција на отпадот и рециклирање на старата хатрија.

Инаку, проектот е дел од Програмата на Европската Унија за меѓуграничната соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија и финасиран од унијата.

OhridNews