
За таа цел, на национално ниво се спроведува бихевиорална студија за ХИВ/СИДА, сексуално преносливи инфекции и сексуално и репродуктивно здравје кај млади на возраст од 15-24 години, на национално ниво.
„Подготвен е анкетен прашалник, на кој ќе одговараат вкупно 60 ученици (по 15 ученици од секоја наставна година), со чие одговарање ќе можат да придонесат за креирање на слика на знаењата, ставовите и однесувањето на младата популација во Македонија, во врска со ХИВ/СИДА, сексуалното однесување, сексуалното вознемирување/насилство, сексуално преносливи инфекции (СПИ), бременост/абортус, алкохол/дроги, и сексуалното и репродуктивно здравје. Податоците ќе бидат користени исклучиво за научи цели, а анонимноста на анкетираните лица е гарантирана од Министерството за здравство и НВО ИПГ.“ – велат од ОУТУ „Ванчо Питошески“.
Инаку, проектот се реализира во соработка со Министерството за здравство.
OhridNews











