Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања при што се регистрирани 23 нови случаи со Ковид-19, како и четворица починати и 32 оздравени пациенти.

Од вкупниот број новорегистрирани заболени од Скопје се 9, Куманово и Прилеп по 3, Струмица и Кичево по 2 и Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш по 1.

Од четворицата починати, тројца се од Скопје (76г, 76г и 77г) и едно лице од Куманово (71г) и починале во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Од регистрираните 32 оздравени пациенти од Скопје се 13, Радовиш 4, Битола и Кратово по 3, Прилеп 2 и од Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Кичево и Берово по 1.

Во моментов во Охрид има 19 активни случаи со Ковид 19, петмина на болничко лекување.

OhridNews