Во последните 24 часа се направени 378 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на Ковид-19. Новозаразените се во: Скопје-22, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Струга-7, Охрид-3, Кавадарци-4, Гостивар-3, Македонски Брод-1, Ресен-1, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 526 оздравени пациенти. 33 од Охрид и 3 од Струга.

Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.).Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83789, бројката на оздравени пациенти е 62469, на починати е 2522, а бројот на активни случаи изнесува 18798.

Во моментов во Охрид има 506 активни случаи, а во Струга 316.

OhridNews