Во последните 24 часа се направени 1619 тестирања, а регистрирани се 414 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 496 пациенти, а седум лица починале, соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се од: Скопје-187, Охрид 28, Куманово-10,  Дебар-10, Штип-7, Прилеп-17, Тетово-12, Струга-7, Велес-10, Битола-12, Кавадарци-24, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-10, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-9, Ресен-7, Неготино-14.

Од починатите, тројца пациенти се од Скопје  на 81, 69 и 63 години, еден од Велес (79г), еден од Битола (70г), еден од Охрид (53г) и еден пациент од Кочани (63г).Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83743, бројката на оздравени пациенти е 61943, на починати е 2510, а бројот на активни случаи изнесува 19290.

Во моментов во Охрид има 536 активни случаи, а во Струга 312.

OhridNews